Вкупно 23 компании доставиле понуди на петтиот јавен повик за доделување концесија за вода за производство на електрична енергија. Министерството за економија информира дека од вкупно понудените 44 локации, интерес има за 28. Покрај домашни компании, на тендерот аплицирале и ПЦЦ СЕ од Германија, „С.М.М Фратели“, СОЛ, СПА, „Цондоте СПА“ од Италија, „Б.В. Констракшн“ од Швајцарија и „Енергоремонт“ од Бугарија. Поголем дел од фирмите доставиле понуди за повеќе локации, а најголем интерес има за локациите на реките Јабланица, Крива Река и Кажани.
Вкупно 23 компании доставиле понуди на петтиот јавен повик за доделување концесија за вода за производство на електрична енергија.
Министерството за економија информира дека од вкупно понудените 44 локации, интерес има за 28.
Покрај домашни компании, на тендерот аплицирале и ПЦЦ СЕ од Германија, „С.М.М Фратели“, СОЛ, СПА, „Цондоте СПА“ од Италија, „Б.В. Констракшн“ од Швајцарија и „Енергоремонт“ од Бугарија. Поголем дел од фирмите доставиле понуди за повеќе локации, а најголем интерес има за локациите на реките Јабланица, Крива Река и Кажани.